Израел ги отвори граничните премини во Газа

Сподели со своите пријатели

Израел денеска повторно ги отвори граничните премини во Појасот Газа, по прекинот на огнот со екстремистичката група Палестински исламски џихад (ПИЈ) со посредство на Египет, со што заврши конфликтот со Палестинците.

Loading...

Најмалку 44 лица, меѓу кои 15 деца, беа убиени за време на 56-часовниот конфликт, кој започна кога во напад на израелско беспилотно летало беше убиен висок командант на палестинскиот Исламски џихад.

Израел рече дека неговата акција била превентивен напад, изведен за да спречи напад планиран од групата поддржана од Иран, пренесува Ројтерс.

Во последниот бран на конфликти, стотици луѓе беа ранети, а неколку куќи беа уништени во Појасот Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ИДФ: 200 членови на Хамас убиени во болницата Ал-Шифа

Палестинските екстремисти истрелаа повеќе од илјада ракети кон Израел, што ги принуди Израелците на југот на земјата и во поголемите градови, вклучувајќи го и Тел Авив, да одат во засолништа.

На прес-конференцијата лидерот на Исламскиот џихад Зиад ал Накала рече дека „ова е победа“, но Израел гледа значително деградирање на оперативните способности на палестинскиот исламски џихад.

„Нема сомнеж дека на Исламскиот џихад му е зададен сериозен удар и ќе биде потребно време за да се опорават. Ние не го уништивме Исламскиот џихад, ниту тоа беше наша цел“, изјави израелски воен претставник, посочувајќи на смртта на двајца високи палестински команданти.

Според него, израелската акција сериозно ја нарушила способноста на ПИЈ да планира и да спроведува операции против Израел.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Израелските власти потврдија дека во нападите, покрај двајцата команданти, загинале и 20 екстремисти, а уништени се и големо количество противтенковско оружје и капацитети за производство и складирање на ракети.

„Мислам дека тие беа изненадени од нашите постапки и нивото на нашите разузнавачки и оперативни способности“, изјави за новинарите висок израелски дипломатски функционер.