Израел денеска пред судот во Хаг под обвинение за геноцид

Сподели со своите пријатели

Тел Авив денеска ќе се појави на обвинителна клупа на Меѓународниот суд на правдата под обвинение за геноцид во војната во Појасот Газа.

Loading...

Израелскиот претседател Исак Херцог ги отфрли обвинувањата како „сурови и бесмислени“.

Јужна Африка, всушност, поднесе тужба до судот во Хаг за да го принуди Израел веднаш да ги прекине воените операции во Газа.

Администрацијата на Бајден, во пресрет на судењето, го повтори своето противење на судењето, нагласувајќи дека обвинувањата се неосновани, пренесува Спутник.

„Израел има право да се брани од терористичките акти на Хамас“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.