Израел бомбардираше болница со породилиште во Газа

Сподели со своите пријатели

Израелски воздушни напади во средата погодија породилиште во болница полна со жени и медицински персонал во градот Газа, изјави портпаролот на палестинското Министерство за здравство Ашраф ал Кудра.

Loading...

Тој синоќа изјави дека породилното одделение претходно било преместено од главната болница во Газа, Ал Шифа, во болницата Тарват ал Хелу, од која последната била гранатирана, пренесува Ал Џезира.

– Израел ја запре испораката на медицински материјали и гориво и ја преплави болницата Ал Шифа со илјадници ранети, принудувајќи нè да го преместиме породилното одделение во Ал Хело и да направиме простор за уште повредени – изјави Ал Кудра.

Тој рече дека меѓународната заедница мора да реагира и да го запре Израел пред да се повтори „масакрот“.

– Ја повикуваме меѓународната заедница итно да интервенира за да го запре Израел и да ги заштити болниците, медицинскиот персонал и пациентите пред да се случи уште еден масакр – рече Ал Кудра.