Изолацијата можеби спасила три милиони животи во Европа, тврдат експертите

Сподели со своите пријатели

Големите мерки за изолација, вклучително и затворањето на продавниците и училиштата, ја намалија стапката на пренесување на новиот коронавирус во Европа доволно за да го доведат нејзиното ширење под контрола и можеби спречиле повеќе од три милиони смртни случаи, соопштија научниците.

Во студијата за влијанието на изолационите мерки во 11 држави, научниците од „Империал колеџ“ во Лондон велат дека драконските мерки, воведени претежно во март, имаат значаен ефект и помогнаа да се намали стапката на репродукција на болеста под еден до почетокот на мај.

Сите онлајн неверства по изолацијата ќе се преселат во реалноста

Стапката на репродукција покажува колку луѓе се инфицирани во просек. Стапка поголема од 1 може да доведе до експоненцијално ширење на инфекција.

Научниците од „Империјал колеџ“ проценуваат дека до почетокот на мај меѓу 12 и 15 милиони луѓе во 11 земји (Австрија, Белгија, Велика Британија, Данска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија, Шведска и Швајцарија) биле заразени со вирусот.

Споредувајќи го бројот на починати со нивниот предвиден модел да не биле воведени рестриктивните мерки, откриле дека се спречени околу 3,1 милиони смртни случаи.

Дали треба да се престане со алкохолот во изолација?

Резултатите од истражувањето беа објавени во списанието „Nature“.

Втората студија на американските научници, исто така објавена во списанието „Nature“, проценува дека мерките за изолација во Кина, Јужна Кореја, Италија, Иран, Франција и САД спречиле или одложиле околу 530 милиони случаи од инфекцијата.

Leave a Reply