Изнајмила 520 дронови за да прослави роденден на кучето и потрошила огромни пари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една Кинезинка му приредила голема забава на своето куче по повод неговиот 10-ти роденден.

Loading...

Сопственичката од кинеската провинција Хунан изнајмила 520 лесни дронови, а за таа услуга платила 100.000 јуани или речиси 14.000 евра, пренесува Klix.

Сцената ги воодушеви насобраните, но не и надлежните, бидејќи летот се вршел во забранетата зона, па постоел ризик да бидат соборени дроновите.

Дроновите формирале изглед на роденденска торта, кутија, коска и кучешко лице, како и испечатена роденденска честитка.