Изминатото деноноќие најмногу дожд во Куманово

Сподели со своите пријатели

Најмногу дожд во текот на изминатото деноноќие наврнал токму во Куманово, и тоа 15 литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Утринава во Куманово се измерени 11 степени целзиусови, а максималната температура во текот на денот се очекува да достигне 21 степен целзиусов.

Од страна на УХМР за регионот на Куманово се издадени две жолти метео предупредувања, од кои едно за невреме со дожд и грмотевици, а другото за силен ветер.

Во текот на денот се очекува да дува ветер од јужен и југозападен правец, кој на моменти ќе надминува 50 километри на час.

До крајот на оваа седмица во Куманово ќе се задржи суво време, но со засилен јужен ветер. Нови врнежи од дожд се очекуваат во понеделник.

Никола Ивановски