Изминатата недела без нови случаи во Куманово, активни уште 10

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (од 27.06 до 04.07) не се регистрирани нови случаи во Куманово, а активни се само уште 10 на територијата на најголемата општина во државата.

Loading...

Изминатите седум дена не се регистрирани ниту починати лица како последици на компликации од вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Куманово регистрирани се вкупно 8.882 случаи на Ковид-19, од кои излекувани се вкупно 8.517 случаи.

 

 

Битката со ворусот од почетокот на избувнувањето на пандемијата ја загубиле 355 лица.

Процентот на заразени во Куманово е 6,20% што го става на 15то место во државата.

Loading...

На територијата на целата држава од почетокот на пандемијата регистрирани се 155.710 случаи, бројот на излекувани изнесува 150.073 лица, додека битката со вирусот не ја добиле 5.486 граѓани.

 

 

Во моментов, заклучно вчерашната статистика, на ниво на целата државата активни се уште 151 случај, од кои најмногу, вкупно 65, во Скопје.

Извор: Министерство за здравство / gdi-sk

Никола Ивановски

Leave a Reply