Драконски глоби за сите учесници во сообраќајот со измените во Закон за сообраќај

Сподели со своите пријатели

Со најновите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои стапуваат во сила денеска,  се предвидуваат многу новини усогласени со Законот за прекршоци и европската регулатива.

Loading...

1546385_938036212917580_2639938455968628967_n

Измените предвидуваат казна од 400 евра ако во населените места се вози 50 километри на час повеќе од дозволената брзина со забрана за управување со возилото од шест до 12 месеци. Ако се вози од 30 до 50 километри на час побрзо, казната е 300 евра или 50 негативни поени со забрана за управување со возилото три до 12 месеци. Во двата слуачаја паричните казни може да се заменат со впишување негативни поени, во првиот 65, а во вториот 50.

Доколку пак се вози 10 до 30 километри на час побрзо од дозволеното, казната е 45 евра или 25 негативни поени, а за до 10 километри на час побрзо, казната е 10 евра или 10 негативни поени. Во овие два случаја не е предвидена прекршочна санкција, односно забрана за управување со возилото.