Измамникот од Тиндер се брани и ја покажа новата девојка, вели дека „се е лага“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Симон Левиев, чие вистинско име е Шимон Хаџут, конечно проговори по документарниот филм „The Tinder Swindler“.

Loading...

Во првата изјава што ја даде по разоткривањето на неговите измами рече дека „целиот филм е измислен“.

Тој во ексклузивното интервју кое ќе се емитува во два дела, на 21 и 22 февруари, ги отфрла сите обвинувања за „Инсајд едишн“.

Во извадокот објавен од „Inside Edition“, Шимон вели: „Бев само самец кој сакаше да запознае девојка на Тиндер… Јас не сум измамник на Тиндер“.

На друго видео кое го објави, се гледа како Шимон дава изјава додека до него седи неговата нова девојка, модел.

„Јас сум најголемиот џентлмен на светот и си дозволуваат да ме нарекуваат измамник на Тиндер.“

Инаку, Шимон веќе нашол начин како да профитира од својата „слава“, па на апликацијата Cameo ги наплаќа персонализираните снимки што ги снима за обожавателите, а цените се движат меѓу 146 и 1460 фунти.

 

Loading...