Измамник во Британија користел 12 идентитети: Мора да врати 4 милиони евра или да оди в затвор!

Сподели со своите пријатели

Измамник од Велика Британија, кој бегал од полицијата 10 години и користел бројни лажни идентитети, мора да врати четири милиони евра или да се соочи со дополнителни 10 години затвор.

Loading...

56-годишниот Џон Далтон, кој користел фалсификувани документи и најмалку 12 различни имиња, украл голема сума пари.

Далтон и тројца мажи биле уапсени пред 10 години, но Далтон успеал да избега и да ја избегнува правдата 10 години, но на крајот бил пронајден во Шпанија, вратен во Британија и осуден на пет години и четири месеци затвор.

 

 

Полицијата потоа ги искористи своите овластувања според законот за приходи од криминал за да испита криминално стекнат имот.

По сослушувањето во судот во Лондон, судијата му наложи да плати четири милиони евра во рок од три месеци. Инаку, тој се соочува со уште 10 години зад решетки, пренесува Мирор.

Loading...

– Далтон е криминалец кој измамил сè за да „заработи“ огромни суми пари. Неговите недвижнини ги најдовме во Велика Британија и Франција и знаевме дека тој нема пријавено приход – изјави детективот Патрик Милфорд од Дирекцијата за сериозен криминал.

Доколку Далтон плати четири милиони евра, полицијата во Кент ќе добие огромно мнозинство од тие пари.

Далтон, роден Пол Кемп од Кантербери, Кент, работел со бандата, а измамите ги исведувал со основање лажни компании.

 

 

Користел разни псевдоними како Џон Пол Далтон, Стивен Вокер, Џејмс Спенсер, Чарлс Касик и други.

Откако бил пронајден и екстрадиран, тој се изјасни за виновен во 2018 година.

Loading...

Тројца членови на бандата беа осудени во 2010 година.

Leave a Reply