Изложба на уметникот Агрон Салиу во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, во четврток /7 јули/, со почеток На 07.07.2016 г. / четврток/ со почето во 20 часот ќе биде отворена изложба на портрети на ликовниот уметник Агрон Салиу.

Агрон Салиу е роден 1984 во Тетово. Дипломирал на Тетовскиот универзитет на Факултетот за ликовна уметност – отсек сликарство во класата на проф. Илиријан Бекири.

Самостојни изложби реализирал во Скопје, Тетово, Париз, Берлин, Кичево, Куманово, Виена, Сараево и Загреб. Учествувал и во повеќе групни изложби и проекти а за својата работа има добиено повеќе награди, сертификати и признанија.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 21.07.2016