Изложба на расни кучиња и годинава во Куманово

Сподели со своите пријатели

И годинава во Куманово ќе се одржи изложба на расни кучиња во организација на Кинолошкото друштво „Кинолог“, а во соработка со Македонски клуб на Кавкаски овчар.

Loading...

Манифестацијата годинава ќе трае два дена, односно на 17 и 18 септември на спортските терени на градскиот кеј со почеток од 10 часот.

Настанот ќе се состои од два дела. Првиот ќе биде за државни изложби во убавина на расни кучиња, а вториот дел за специјализирана клубска  изложба  за кавкаски овчар.

На изложбата кучињата ке бидат оценувани од реномирани судии од Србија и Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пчиња над просекот. За утре два метео аларми!

Најавени се учесници од повеќе балкански и европски држави.

Сите учесници ке добијат пригодни награди.

Никола Ивановски