Изложба на ракотворби „Жената – корен на традицијата“ во НУЦК „Трајко Прокопиев““

Сподели со своите пријатели

Под насловот „Жената – корен на традицијата“ во сабота во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи изложба на рачни ракотворби која ја претставува македонската жена во поинакво светло.

Loading...

Допирот на нејзините умешни раце создале уникатни дела вредни за восхит и почит. Вистинска убавина е излеана во ракотворбите на жените кои оставаат свој посебен белег во времето, кој ќе остане засекогаш врежан во нашата историја да сведочи за македонскиот идентитет. Овие жени се амбасадори, афирматори и презентери на нашето национално, традиционално и историско – велат од организацијата.

На изложбата ќе можат да се погледнат ракотворбите на: Соња Стаменковска – кутии за накит со елементи на традиционален македонски вез, Лена Цветанова – филигран и слики масло на платно, Елена Мехмети – вез и филц, Биљана Шуковска – производи обвиткани со слама и Даца Баџевска – украсни шишиња со македонски мотиви.

 

Zenata poster

 

Настанот ќе започне точно напладне.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.