05.11.2019 13:51

Изложба на портрети на сите досегашни градоначалници на Куманово (ФОТО)


Во салата на Занаетчискиот дом денеска беше отворена изложбата на потрети од досегашните градоначалници на Куманово, манифестација која е дел од програмата за одбележување на 500-годишнината од постоењето на градот.

loading...

Портретите се дело на уметникот Борче Тодоровски од Прилеп, кој на сите пристуни, но и на граѓаните на Општина Куманово им го честиташе големиот јубилеј.

Актуелниот градоначалник Максим Димитриевски им се заблагодари на сите свои претставници, но и истакнатите личности на градот кои исто така присуствуваа на изложбата, за дадениот придонес Куманово да биде она што е денес.

– Многу работи му недостасуваат на Куманово, но сепак вие направивте да бидеме први, нашите предци направија Куманово да биде тоа што е денеска, најголем град во независна Македонија, најголема општина во Република Северна Македонија. Сакам да ви се заблагодарам на сите вам кои дојдовте и имам чест тоа да го сторам, а воедно да ги споменам и сите оние генерации кои се вградија во таа наша заедничка историја. На Куманово му недостасуваат многу работи, но ние младите генерации сме тука да продолжиме таму каде што застанавте вие, рече Димитриевски во своето обраќање.

loading...

Авторот Борче Тодоровски инаку е автор кој ги има насликано и првите пари во слободна Македонија, а денес во чест на градот изработи и прекрасни портрети на градоначалниците.

На изложбата присуствуваа и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката без ресор Зорица Апостолска.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments