Изложба на Мухамет Идризи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во четврток со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Асоцијативни пејзажи  (Метаморфоза на светлината)“ од уметникот Мухамет Идризи.

Изложбата содржи 20 слики, работени во техниката акрил на платно и се дел од најновата продукција на Идризи. Проектот воедно е дел и од годишната програма на Центарот и е подржан од Министерството за култура и туризам на РС Македонија.

Мухамет Идризи е роден 1986 година во Куманово. Дипломирал во Државниот Универзитет во Тетово, отсек сликарство, во класата на професор Иљиријан Беќири во 2009 година.  Магистерските студии ги завршил на Универзитетот “Свети Кирил и Методи” – Скопје, во класата на професор Јован Шумковски во 2019 година, насока –Сликарство

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени тинејџери од Куманово кои оштетиле паркирано возило

Од 2010 година работи како наставник во основно училиште во Липково.

Во 2019 година ја доби наградата за најдобар цртеж на Колективна ликовна изложба “Моето Перо” – Куманово.

Реализирал самостојни изложби, а земал учество и на многу групни ликовни изложби.

Во време кога реалноста е предизвикана од нереалното и виртуелното, сликарот Мухамет Идризи избира да зборува преку слики што ги претставува со апстрактни мотиви, бои што експлодираат над растегнати платна со силна емоционална нијанса и длабоко апстрактно враќање што, од визуелна перспектива, го предизвикува гледачот да бара значење надвор од она што го гледаме и допираме, да ја бара и извлекува убавината дури и во несовршеното.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сашо Томиќ нов директор на ЈП „Чистота и зеленило“

Изложбата ќе биде поставена до 11.12 2025.

Интегрално соопштение