Изложба на Акиме Насуфи Реџепи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во четврток со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово  ќе биде отворена изложбата „Со рециклирање до уметност“ од авторката Акиме Насуфи Реџепи.

Loading...

Изложбата содржи 20-тина дела од нејзината најнова продукција и е проект подржан од Министерство за култура на РС Македонија.

Акиме Насуфи Реџепи. е родена  1980 г. во Струга. Дипломирала на Факултетот за Ликовна уметност на Универзитетот во Тетово. Учествувала на повеќе групни изложби во земјата и странство како и на повеќе ликовни колонии и симпозиуми.

За нејзиното творештво Сенат Ферати ќе запише:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

Во сликите каде авторката виртуозно манипулира со светли бои, понекогаш силни, а понекогаш студени, ја претставува жената како суштество која дури и кога е уморна од животната судбина, сепак може да ни помогнат и нудат радост и среќа, оптимизам и надеж затоа што ова е такво битие онтолошки, надвор од социјалните   Таа сака да „цвета“, да ужива во слободата како основен човечки идентитет. Оваа изложба ни кажува за потрага по изгубен мистицизам или неоткриена духовност. Таа ги карактеризира делата на сликарот Акиме Насуфи Реџепи како фрагменти од претставени реалности во рамките на конзистентната динамичка целина, одговара на силниот ритам на сликовната целина деструктурни. На овој начин, средбата на реалното и имагинарното се случува истовремено во иста материја, бидејќи таква е  егзистенцијалната реалност — илузорна и реална!

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

Изложбата ќе биде поставена до 05.07.2023.

Интегрално соопштение