Изложба „Црно и бело“ на Ана Трајковска во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во четврток со почеток во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Црно и бело“ на академската графичарка Ана Трајковска.

Loading...

Изложбата е магистарски труд и е составена од принтови на најлон, изведени во големи формати (site-specific инсталација, составена од 56 парчиња со вкупна должина од 116 метри) и претставува дел од најновото творештво на Трајковска којашто пак за прв пат се претставува пред кумановската публика.

Aна Трајковска е родена 1995 година во Скопје, Република Северна Македонија.

Дипломиран графичар во класата на проф. М-р. Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Моментално е во нејзините магистерски студии на факултетот за ликовни уметности во Скопје.

 

 

Избор на групни изложби:

Loading...
  • Координатор и учесник на групни изложби организирани од Обединетата македонска дијаспора (Скопје, 2013, 2016);
  • Учество на семинар и мултимедијален уметнички проект ,, Во чевлите на бегалците” 2016
  • ОСТЕН Биенале на цртеж. 2016.
  • Студентска изложба ,,СИАБ”, 2017.
  • Биенале на мала графика во Тетово 2017
  • Изложба на графики во Музеј на Македонија во организација на „Аксиос“ 2018.
  • Учесник на 20тото Биенале на графика во Варна, 2019
  • Учесник на групна изложба во МКЦ ,,The Present’’, Скопје, 2019
  • Учесник на ,,Графичко триенале’’ – Графичка работилница Софија, Музеј на Град Скопје, 2019
  • Учество во спремање и местење на проектот ,,АдаН во градот на огнот” на Нада Прља, 2019.
  • Учесник на групна изложба по повод Obscure Sounds of North FYROM од BoD [PMGRec176], MKЦ, Скопје, 2020.
  • Учесник на групна изложба ,, На работ’’, Галерија Акантус, Скопје, 2020.
  • XIII Биенале на млади уметници, Музеј на современа уметност, Скопје, 2021

Избор на проекти:

  • Оргнизатор и координтор на изложбта „Светлината во нас“, Libraria e Carshise, 2018, Скопје
  • Оргнизатор и координтор на изложбта ,, Ars longa vita brevis” – Генерациска изложба на 95’, Галерија на ДСУЛУД Лазр Личеноски, 2019, Скопје
  • ,,Дијалог”- Соло изложба со Ива Станковска во НУЦК Никола Јонков Вапцаров – Делчево, 2019
  • ,,Дијалог во карантин”- Соло изложба со Ива Станковска во Градски Парк, Скопје, 2020
  • Учесник на 31вата ликовна колонија во Галичник- 2020.
  • Учесник со светлосни инсталации во рамките на ,,Бела Ноќ’’, Ибни Пајко, кровот на ГТЦ (ДЛУМ) , Скопје, 26.09.2020.
  • Основач на приватно атеље за часови по цртање и сликање во Партизан принт од 01.10.2020
  • ,, Трансфигурации ‘’ Соло изложба , МКЦ галерија 2 , 22.12.2020 , Скопје.
  • Учесник на Ex Libris Skopje 2020.
  • Работилница за ментално здравје со млади лица од 14 – 18 години, Партизан принт, Скопје, 20 .2. 2021 – 20. 3. 2021.
  • Организатор и координатор на групната изложба ,, Изложба “ , МКЦ галерија 1, 4.14.2021 , Скопје.
  • Самостојна изложба, Црно и бело, НУЦК Трајко Прокопиев, Куманово, 29.4.2021.

Бојата е неминовно нешто со кое што се соочуваме, особено кога станува збор за уметноста. Способноста да се гледа светот низ призмата на секоја боја која постои и која ја дала природата е својствена за секое живо суштество, но сепак, уметникот е единствениот кој може да поттикне и создаде цели светови- реални и имагинарни- со употреба на црни пигменти на бела основа, и обратно- бели пигменти на црна основа. Нашата способност да ги разбереме овие дела сугерира дека користиме варијации на осветленост за да извлечеме визуелни информации од светот кој нé опкружува, дела кои перцептивните невролози ги оценуваат не само естетски, туку и како експерименти што можат да откријат кои аспекти на светот ги перцепираме подобро од другите, како и нервните процеси низ кои се одвива самиот перцептивен, а со тоа и когнитивен  процес.

 

 

Во популарната култура, црната и белата боја се сметаат за едноставни спротивности, врз основа на механизми кои нашите мозоци ги развиле, а кои и ги создаваат овие разлики. Процесот на формирање на белата и црната боја во нашата свесност, настанува од одредени приемни дразби, кои даваат информации за различни аспекти на светот, а кои мозокот понатаму различно ги обработува. Црното и белото како концепт во уметноста претставуваат појдовна точка околу која се заснова творештвото на голем број уметници, што пак директно се поврзува со долговековната традиција на графичкиот медиум, како медиум примарно заснован врз контрастите на црно-белото. Но дали графиката е само црн печат на бела основа? Може ли графиката да биде многу повеќе од тоа?

Радикалните технолошки промени кои се случија на полето на графиката во текот на последниве дваесет години, целосно го променија односот на уметникот кон медиумот и со векови наназад препознатливата традиционалната графичарска практика. Надвор од границите на локалното творештво, графиката денес на глобално ниво претставува уметничка форма која се состои истовремено од спој на повеќе медиуми како скулптура, перформанс, инсталација, акција, реди-мејд, комбинација на дигиталното со традиционалното и негово имплементирање во бројни медиуми, како резултат на што доаѓа до целосно испреплетување на веќе постоечките, без притоа да се постави остра граница, каде завршува графиката како дисциплина, а од каде преминува во нешто друго. Сепак, од друга страна, самиот процес на печатење, е нераскинливо, коренито сврзан, и во голема мера се потпира на традиционалниот начин на вадење отисок, притоа со јасна интенција да ги ,,доближи“ традиционалните графички техники во сферата на поголемата современа уметнички практика како би можеле да се поврзат и да одговараат на формалните, технички или концептуални проблеми кои ги воспоставува современиот уметнички дискурс. Токму поради ова се појавува идејата за ,,проширување“ на полето на графиката како уметничка дисциплина и практика, желба да се задржи и признае специфичноста на печатењето и да се постави во рамките на поголема дискусија што ќе овозможи графиката да го пронајде и да го задржи своето место на полето на современата уметност. „Проширеното поле“, како идеен концепт, звучи како локација за непречено истражување, интерпретирање и реинтерпретирање, експериментирање, создавање и  ресоздавање на нешто познато, а сепак сосема ново и неоткриено. Всушност, самиот концепт на ,,проширување“ истовремено може да се сфати и како ,,засилување, зголемување, распространување на сопственото влијание од една во друга сфера“. Одовде, со ваквото проширување на графиката, несомнено оваа дисциплина се ,,испреплетува“ и ѝ влијае на друга, притоа воспоставувајќи однос на взаемна комуникација меѓу творечките практики инволвирани и асимилирани во самиот процес. Како модел во современиот уметнички дискурс, за прв пат ќе се појави во есејот на Розалинд Краус од 1979г., насловен како „Скулптурата во проширено поле“, каде Краус се осврна на она што за неа претставуваше ,,невешт став меѓу зборот „скулптура“ и активностите на уметниците инволвирани во неа“ , еклектичност што според Краус претставуваше „обединување на различни практики, опозициски поставени во рамките на тогашната културолошка ситуација“ , што од друга страна, доколку се разработи подлабоко, земајќи го предвид широкиот дијапазон на медиуми и практики кои графиката денес е способна да ги интегрира во своите примарни рамки, лесно може да се сфати зошто се јавува потребата концептот на ,,проширено поле“ да се разработува и од оваа перспектива.

Експериментирањето како процес кој секогаш се заснова на своевиден код и трансформација, постојано создава простор за нови идеи, можности и потенцијални заклучоци. ,,Црно и бело“ е изложба во која младата авторка, преку site-specific инсталација, составена од 56 парчиња со вкупна должина од 116 метри , преку која го заокружува истражувањето сублимирано во магистерската теза на која посветено работеше во временскиот распон 2018-2021г. Самиот наслов произлегува од широко распространетото ,,mainstream“ мислење за графиката како ,,обичен печат црно на бело“, кој претставува појдовен концепт и иронизирање на традиционалното, закоравено сфаќање на графиката како дисциплина. Истовремено, поттикнат од експанзијата на дигиталното, особено во услови на глобална пандемија, кодот и симболот, Трајковска го претставува монохроматски, сфатен како црно-бел елемент, матрица која репетитивно се повторува, визуелно доловена преку четири комбинирани клишеа, истовремено иронично образувајќи простор од код-систем сферата во кој човекот како индивидуа, сé повеќе тоне во денешно време, ,,заглавен“ во црно-белиот свет на глобалниот информациски систем.

Loading...

,,Црно и бело“ е последната од циклусот изложби на Трајковска, која водејќи се со јасна цел- да ја потенцира широката палета на можности кои графичкиот медиум е способен да ги даде, употребувајќи само една матрица, на моменти работејќи целосно рачно како во ,,Трансфигурации“ (2020г.), без да се покори на традиционалните начини на вадење отисок и обработка, линолеумот го замени со гипс, графичкиот лист со ленено платно, најлон, желатинска фолија, ѕидна површина, иницирајќи мешање меѓу медиумите, дури поврзувајќи ја и релјефноста на длабокиот печат со скулптурата, и со тоа напуштајќи ги принципите на класична чистота на графичкиот израз и ,,оковување“ на графичкиот медиум за ,,белиот лист и црниот печат“.

,,Црно и бело“ е крај на една, а сепак почеток на друга, нова приказна…“

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 12.05.2021 а посетата ќе биде организирана во согласност со препорачаните здравствени протоколи.

Leave a Reply