Изгубил 12 члена на семејството во земјотресот во Сирија: Неговите солзи говорат сѐ… (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија во понеделникот, спасувачите се обидуваат да извлечат што е можно повеќе преживеани од урнатините, но како што минува времето, меѓу другото, екстремниот студ претставува смртна закана за заробените луѓе кои го чекаат нивното спасување, додека целиот свет е сведок на страшни и шокантни сцени.

Loading...

Во турските и сириските градови се слушаат извици од болка, додека спасувачите се надеваат дека секој следен човек што ќе го извлечат ќе биде жив.

Со оглед на тоа дека времето оди понатаму, за жал шансите за тоа се намалуваат.

Целиот свет остана без зборови по страшните земјотреси кои според последните проценки однесоа речиси 8.000 животи во Турција и Сирија, а постојано се појавуваат видео снимки од спасување, како и луѓе кои изгубиле најблиски, па дури и цели семејства во катастрофата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Иако не секој го разбира јазикот што го зборува, низ солзи секој може да разбере за каква болка зборува.

Вака е објавено видео од Сириец, кој во страшен земјотрес загуби 12 членови на семејството.

 

Loading...

 

Имено, никој не останал рамнодушен на солзите на овој човек, како и на сите останати шокантни сцени по катастрофата.

„Ова не скрши, ни го скрши грбот“, едвај успеа да каже овој човек со болка за загинатите членови на неговото семејство.

Следеа многубројни коментари за поддршка од корисниците, изразувајќи го својот шок и тага во коментарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

„Ме боли да го гледам видеово“, „Колку е поразително, се молам за овој човек, за Сирија, за Турција“, „Скршен сум, Господ да ти ја олесни тагата“, „Кога мислам дека не можам повеќе да плачам.. .“, само дел од коментарите на луѓе кои немаат зборови да го опишат шокот од оваа катастрофа.

 

 

Loading...

Објавена е и снимка од момче заглавено во урнатините, на кое му даваат вода да пие од чешма.

Иако очите му се насолзени од шокот, болката и неизвесноста дали ќе преживее, се гледа барем малку среќа затоа што некој го нашол и се обидува да го спаси.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Исто така, три и пол годишното момче по име Ариф Кан било спасено по 43 часа поминати во урнатините, а изгледот на ова момче исто така зборува погласно од сите зборови.

Бројот на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија постојано се зголемува. Според последните податоци, повеќе од 7.800 луѓе загинале, а повеќе од 38.000 луѓе се повредени. Илјадници згради се урнаа.

 

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи тримесечна вонредна состојба во 10-те најпогодени провинции.

Loading...

Владите ширум светот и меѓународните организации испраќаат помош.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.