Изгореа како кибрит! Погледнете како електричните автобуси исчезнуваат во пламен, штетата е огромна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Необично видео е снимено во автономниот регион Гуангкси (Кина), поточно на паркингот на локалниот универзитет. Медиумите јавуваат дека откажувањето на акумулаторот предизвикало пламен во првото возило, по што пожарот се проширил.

Loading...

Безбедносните камери го снимиле целиот настан, а пожарникарите успеале да спасат едно возило, додека четири се уништени. Во овој инцидент, кој скапо ќе го чини сопственикот, за среќа нема повредени.