Изгоре објект за половни делови во кумановско

Сподели со своите пријатели

Приватен објект за половни делови за возила вчеравечер изгорел во кумановското село Романовце.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во пожарот биле опожарени бараки.

Седум пожарникари со три противпожарни возила интервенирале во период од 22:40 до 01:10 часот.

Причината за избувнување на огнот, како и висината на материјалната штета дополнително ќе се утврдуваат, потенцираат од РЦУК.

Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден имале уште две интервенции, а и двете биле на запалена сува трева на улицата „Тоде Мендол“.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци