Најмалку 46 лица загинаа откако автобус се судри и се запали во западна Бугарија, соопштија властите.
Трагедијата се случила околу два часот по полноќ по средноевропско време во близина на селото Бошнек, југозападно од Софија, главниот град на Бугарија.
Меѓу жртвите има и деца, изјави за телевизијата БТВ Николај Николов, владин функционер.
Властите ги истражуваат причините за несреќата и пожарот.
Локалните медиуми јавија дека автобусот најверојатно прво удрил во оградата или во рабникот.
Наводно, седум лица со изгореници веднаш биле префрлени во болница.
Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Македонија, за новинската агенција Ројтерс изјави дека патниците се враќале во Скопје по викенд патувањето во Истанбул, главниот град на Турција.
Автобусот бил со македонски регистерски таблички.
Полицијата ја затвори делницата од патот околу местото Струма каде се случи несреќата.
Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Расков по пристигнувањето на местото на несреќата изјави дека телата на жртвите се целосно изгорени.
Зоран Заев, премиерот на Северна Македонија, разговараше со својот бугарски колега за инцидентот.