Бројни фанови на славните често сакаат да изгледаат како своите идоли, а тоа најчесто го решаваат со шминка и облека. Но, некои од нив се подготвени да отидат чекор понатаму, па со пластична хирургија го постигнуваат посакуваниот изглед.
Еден од нив е Родриго Алвеш (38), кој направил се за да изгледа како куклата Кен. На големо изненадување на многумина, по повеќе од 75 операции на неговото тело, Родриго станал – Барби, односно Џесика.
View this post on Instagram
– Божја волја е да бидам жена. Чувствувам дека сака да ме искористи како алатка за да ги учи другите за транс луѓето – рече Родриго, додавајќи дека како дете знаел дека е заробен во машко тело.
– Кога бев мала, сакав кукли и фустани и се чувствував како девојка, но немав поим што значи да се биде трансродна личност. Сега тоа е тема што ја разбирам многу подобро. Потрошив илјадници долари за да имам вештачки стомачни мускули, бицепс…, но се чувствував пропуштено во машка кожа. Не ми беше судено да бидам маж – мисли Родриго, кој во меѓувреме стана Џесика.
View this post on Instagram
Но, оваа трансформација не може да биде лесна, како што на некои им изгледа на прв поглед.
Откако се префрлил(а) на хормонска терапија, Џесика се здебелила вишок килограми и се појавиле бројни здравствени проблеми. Меѓутоа, тоа не ја спречувало да ја продолжи транзицијата, па неодамна започнала друга ризична процедура, а тоа е трансплантација на матка.
– Моите следни постапки ќе бидат корекција на носот и феминизација на гласот. Но, засега, планирам да уживам во последните убави денови и да се грижам за себе и за моето здравје – вели таа.
View this post on Instagram
Сепак, и покрај нејзините тврдења дека се чувствува добро, фановите сепак стравуваат за нејзиното здравје. Имено, таа објави видео на социјалната мрежа Инстаграм во кое позира и се обидува да намигне.
И покрај нејзините напори да го направи лицето да изгледа нормално, очигледно е дека Џесика не може да мрдне ништо освен очите и усните.
– Мило ми е што конечно си среќен, но мислам дека си отишол предалеку со филери и ботокс. Се чини дека не можеш да го помрднеш лицето – напишала една жена, а Џесика одлучила да одговори:
View this post on Instagram
– Вистината е, не можам да го поместам поголемиот дел од лицето. Тешко ми е да дишам низ носот и не можам да трепкам како порано. Но, тоа беше цената на мојот изглед.
View this post on Instagram