„Изгледам како Шрек“: Британка користела козметика со изминат рок (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дека употребата на козметика со истечен рок на траење не е најдобрата идеја за нејзината, сега зелена кожа, научила една Британка која на ТикТок се пожали дека изгледа како Шрек наместо со исончан тен.

Loading...

Љубителка на ритуалите за убавина, наречена Саскија, се обидела, да постигне прекрасен исончан тен и да ѝ даде на кожата „здрав“ сјај, но нејзиниот план не успеал. Имено, таа се пожалила на ТикТок дека по употребата на лосионот за сончање, се покажало дека е „целосно зелена“.

„Изгледам како ебан Шрек“, напиша таа покрај своето видео, што насмеа многу луѓе на видео платформата.

Откако го нанела агенсот за самопотемнување и забележа дека бојата се развива во „чудна насока“, таа одлучила да го провери датумот на истекување наведен на шишето.

– Некој нека ми помогне, како да го измијам ова. Мислам дека на лосионот му истекол рокот, но зошто изгледам како Шрек? – ги прашала своите следбеници, пренесува Сан.

Таа го крена производот до камерата, покажувајќи го датумот – кој истекол минатата година.

Додека гледаше во рацете и лицето, тажно рече: „Зошто јас?“

Нејзиниот неуспех собра десетици илјади прегледи, а луѓето ги споделија советите за тоа како да се ослободи од дамките и зелената боја.

Loading...

Едно лице рече: „Ми се случуваше порано, но јас користев хидратантна крема и зелената сенка исчезнуваше со текот на врмето“.

 

@saskiahehesomeone help me #faketan #british #foryoupage #fyp

♬ original sound – saskia 🙂

Leave a Reply