Изгледа „кул“ и 95 ја „убива“ короната: Ова е најпаметната маска во светот! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ова е „најпаметната маска на светот“, барем така тврди добро познатиот производител на компјутерски уреди наменети за гејмерите на Razer.

Loading...

Маската за повеќекратна употреба, наречена „Project Hazel“, е изработена од рециклирана пластика и опремена е со филтер N95 (затоа е класифицирана како хируршки респиратор).

 

 

Покрај тоа што ефикасно прочистува 95 проценти од честичките од воздухот, вклучувајќи го и коронавирусот, маската на Рејзер исто така ја „поттикнува социјалната интеракција“, бидејќи е транспарентна од предната страна, така што соговорниците можат да видат што си кажуваат едни на други.

Маската има и вграден систем кој се состои од микрофон, засилувач и звучник, што го засилува говорот на носителот, така што разговорот со маската на лицето нема да биде нејасен.

 

Loading...

 

Маската доаѓа со специјална кутија која има двојна функција.

Покрај полнењето на батериите на овој гаџет против корона додека стоите во него, кутијата има вградена УВ светлина што служи за стерилизација на маската.

 

 

Се претпоставува дека „Project Hazel“ ќе има придружна мобилна апликација, која ќе може да ја следи потрошувачката на батеријата, да го прилагоди волуменот на излезот, како и функцијата на светлосните прстени на рабовите на филтерот.

Loading...

Маската на Razer сè уште е само концепт на финалниот производ, така што нема информации за цената, како и дали тој воопшто ќе се најде на пазарот.

 

Leave a Reply