Изгласан законот против Брегзит без договор, Џонсон бара избори

Сподели со своите пријатели

Британските пратеници вечерва го поддржаа законот за спречување на Брегзит без договор, што може да го принуди премиерот Борис Џонсон да распише предвремени избори. Домот на лордовите ќе расправа за законот во четврток.

Loading...

Претставничкиот дом, со 327 гласови „за“ и 299 „против“, гласаше за закон според кој се бара Борис Џонсон да побара од Европската унија да го продолжи Брегзит до 31 јануари 2020 година, освен ако парламентот не го одобри новиот договор или ако до 19-ти октомври не гласа за заминување без да се согласи со Унијата.

Премиерот Борис Џонсон веднаш отвори дебата за предлогот за одржување на предвремени избори за 15-ти октомври.

„Има само еден пат напред. Изборите мора да се одржат во вторник, 15 октомври, за луѓето да можат да одлучат кој ќе преговара со Европската унија во нивно име“, рече Џонсон.

„Парламентот гласаше денес да престанат со какви било сериозни преговори. Оваа земја ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври во секој случај. Мислам дека е многу тажно што пратениците гласаа на овој начин“, рече тој.

Инаку, предлог-законот што го донесе Долниот дом ќе биде испратен на одлука до Домот на лордовите, каде заговорниците на Брегзит подготвија повеќе од 100 амандмани за да го попречат донесувањето на законот.

Ако Домот на лордовите усвои некои од измените и дополнувањата на предложениот закон, тогаш Претставничкиот дом исто така ќе треба да одлучи.

Само откако ќе поминат сите фази, предложениот закон може да добие одобрение од кралицата и конечно да биде прогласен за закон.

Loading...

Leave a Reply