Изгласан кварталниот извештај на буџетот на општина Куманово

Сподели со своите пријатели

На денешната седница на Советот на општина Куманово, советниците го изгласаа извештајот на буџетот за втор квартал 2017 година, заклучно со јуни, во кој е прикажана реализација на приходната и расходната страна до првата половина од тековната година.

– Планираните приходи се реализирани 37 отсто во однос на планот, пооделно по сметки како што се предвидени, а што се однесува до раходите, тековно-оперативните планирани се 40 проценти од планот, информираше раководителот на Одделението за финансии, Ирена Илиевска.

Како што појасни таа станува збор за трошоци кои се однесуваат на работата на општината и на петте јавни претпријатија во градот и услугите кои ги даваат кон граѓаните. Во однос на планот, исплатени се 15 проценти од капиталните расходи.

– Знаете дека општината веќе 4,5 години работи со задолжителна резерва и определен лимит, со блокирана жиро-сметка и се преземаат напори од градоначалникот и општинската администрација да се работи во рамки на тој лимит. Исплатата се врши во тие граници, поради тоа и реализацијата на расходната страна е помала во однос на планираното. Изградбата, како што можат да видат и граѓаните тече, се она што е изработено ќе биде исплатено во третиот и четвртиот квартал, изјави Илиевска.

Советниците од Коалицијата „За подобра Македонија“, пак велат дека и кварталниот извештај, неговата реализација, посебно во делот на капитални проекти, и особено во делот на изградба на улици, водоводна и канализациска мрежа покажува дека кога се носел буџетот е нереален и само ги отсликува желбите на локалната власт.

Советничката Христина Краиновиќ, вели дека како и секоја година, така и оваа наместо буџет од милијарда и шестотини илјади денари, ќе има само милијарда и триста колку е што реално.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.