Издадено алармантно предупредување: Случаи на амеба која јаде мозок (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Случај со многу ретка амеба што „јаде мозок“ е потврден на Флорида, објавија здравствени власти во оваа американска држава.

Loading...

Одделот за здравство во Флорида потврди дека едно лице во округот Хилсборог е заразено со едноклеточна амеба Naegleria fowleri која предизвикува инфекција на мозокот и која обично е фатална.

Амебата обично се наоѓа во топла свежа вода и влегува во телото преку носот. Министерството не откри каде е заразено лицето, ниту каква е неговата здравствена состојба и се знае дека амебата не може да се пренесе од човек на човек.

Случаите се претежно регистрирани во јужноамериканските држави, ретки се на Флорида, а од 1962 година регистрирани се 37 случаи. Поради сериозноста на инфекцијата, Министерството издаде предупредување до жителите на округот Хилсборо.

На локалното население им се советува да избегнуваат контакт на нос и вода од фонтани и езера, реки, канали и слично каде е можна инфекцијата, особено за време на потоплите летни месеци, јули, август и септември.

Инфицираните луѓе имаат симптоми како што се треска, вртоглавица и повраќање, како и вкочанетост на вратот и главоболки. Повеќето умираат за помалку од седум дена.

Министерството апелираше до оние што ќе ги забележуваат симптомите што поскоро да се јават кај лекар затоа што болеста напредува брзо.

 

Loading...

Leave a Reply