Изборната трка ќе се сведе на Аризона, Пенсилванија, Мичиген и Висконсин

Сподели со своите пријатели

По делумно преброени гласачки ливчиња на претседателските избори во САД, тамошните медиуми прават проекциите за тоа кој кандидат добил колку електорски гласови, во зависност од тоа во колку сојузни држави.

Loading...

Според најновите податоците за тоа дали републиканецот Доналд Трамп ќе остане во Белата куќа или на негово место ќе дојде демократот Џо Бајден ќе одлучуваат гласовите од Аризона, Пенсилванија, Мичиген и Висконсин. Телевизијата Фокс веќе јави дека Трамп победил во Аризона, додека останатите медиуми се се уште воздржани бидејќи не е завршено броењето на гласовите.

Според Си Ен Ен Трамп има 114, а Бајден 192 електорски гласови. Според АП, Трамп – 137, Бајден – 209. Според Фокс Трамп – 148, а Бајден – 223.

Експертите потенцираат дека се уште е рано за предвидување на крајниот резултат, со оглед на тоа дека се собираат податоци од различни места, односно и од вчерашните избори, гласањето по пошта, предвременото гласање. Медиумите, изразувајќи се со спортска терминологија, посочуваат дека изборите се уште во прво полувреме.

Во 48 од 50 држави важи правилото според кое кандидатот за кого во државата гласале мнозинство од гласачите, автоматски ги добива гласовите на сите електори во таа држава. Само во државите Мејн и Небраска, гласовите на електорите можат да се делат пропорционално меѓу кандидатите во зависност од добиените гласови. Вкупно има 538 електроски гласови, а за место во Белата куќа потребни се 270.

Сања Костовска

Leave a Reply