15.07.2015 09:51

Избори на 24 април – СДСМ ќе предводи пет министерства


Со денешниот договор се потврди `се што во континуитет, јас, Социјалдемократскиот сојуз, опозициската коалиција, го докажавме во проектот Вистината за Македонија, дека Никола Груевски и неговите најблиски соработници владеат на криминален и коруптивен начин и дека не победуваат, туку ги крадат изборните процеси, изјави на прес конференцијата Зоран Заев по завршувањето на преговорите со Јоханес Хан.

– Никола Груевски ќе поднесе оставка и нема да ја предводи Владата што ќе ги организира и спроведе изборите, што ќе се одржат на 24 април идната година.

Заминувањето на Груевски од Владата ќе се случи до крајот на оваа година, а изборот на новата Влада ќе биде најдоцна до 15 јануари.

Тоа што го ветивме, го остваривме, Никола Груевски нема да ги организира и да ги спроведе изборите!

СДСМ и опозицијата влегува во 5 министерства.

Социјалдемократскиот сојуз ќе го предложи новиот министер за внатрешни работи. Покрај МВР, СДСМ ќе предложи и министер за труд и социјална политика. Во Министерството за финасии, Министерството за земјоделство и Министерството за информатичко општество, СДСМ ќе назначи заменици министри со право на вето.

Ќе биде избран специјален јавен обвинител којшто ќе биде задолжен да спроведе истрага за содржините, доказите и аргументите од проектот Вистината за Македонија.

СДСМ, на почетокот на септември ќе се врати во Парламентот и активно ќе учествува во целосно спроведување на сите сегменти од постигнатиот договор, во насока на неопходните промени во критичните области нотирани во меѓународните извештаи.

Изразувам благодарност до претставниците на меѓународната заедница за ангажманот и вложените напори во овој преговарачки процес, во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани.

На 24 април 2016 година ќе се одржат предвремените парламентарни избори што ги бараше опозицијата, на коишто граѓаните на Македонија, на слободни, фер и демократски избори ќе ја изберат новата власт во Република Македонија, изјави Заев.

 

loading...

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments