Избеганата лавица повторно видена во предграде на Берлин, но се уште не е фатена (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Продолжува потрагата по лавица во предградието на Берлин, за која се уште не се знае од каде избегала.

Loading...

Иако е снимена на неколку места, полицијата и професионалните трагачи на животни сè уште не успеале да ја фатат, изјави градоначалникот на берлинското предградие Клајнмахн, Михаел Груберт.

Покрај видеата кои се доставени до надлежните, нови сведоци кои тврдат дека го виделе ова диво животно се јавиле и во полиција.

„Потрагата продолжува и денеска во шумата и ќе биде интензивирана, со учество на голем број полицајци и професионални трагачи на животни“, изјави градоначалникот на берлинското предградие Клајнмахн, Михаел Груберт.

Портпаролот на бранденбуршката полиција додаде дека во потрагата ќе се користат и беспилотни летала.

Полицијата смета дека првата снимка која е направена со мобилен телефон и трае само неколку секунди е автентична.

На видеото се гледа како лавица душка нешто меѓу грмушки и дрвја. Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија уште две видеа на кои лавицата наводно избегала.

 

Loading...

 

Поради дојавите дека е видена на повеќе локации во областа Берлин, а синоќа во близина на јужната граница со Бранденбург, берлинската полиција ја концентрирала потрагата во областа Зелендорф.

Државниот завод за животна средина на Бранденбург во четвртокот објави дека во државниот регистар има шест сопственици со вкупно 23 лава.

Берлинската полиција во четвртокот ги предупреди граѓаните дека се верува дека лавица е на слобода во југозападните предградија на германската престолнина.