Ивона Јовановиќ вечерва во живо ќе ги испее најголемите хитови на Тоше

Сподели со своите пријатели

Кумановката Ивона Јовановиќ вечерва на својот Инстаграм профил во живо ќе ги испее најголемите хитови на Тоше Проески, во чест на денот кога е роден трагично починатиот пејач.

Loading...

Да беше жив Тоше денеска ќе наполнеше 40 години, но трагично загина кај Нова Градишка, Хрватска, пред 13 години.

Многумина и ден денес уживаат во неговите хитови, а пејачката Јовановиќ често ги пее песните на Тоше и на своите настапи, па затоа денеска со настап во живо онлајн ќе му одаде почит на ликот и делото на човекот со ангелски глас.

На настапот, кој ќе започне вечерва во 21 часот, Ивона ќе биде придружувана на пијано од својот пријател, кумановецот Силјан Пановски.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivona Jo (@ivonajo)

Leave a Reply