Иванов целосно ја повлече аболицијата на политичарите

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, целосно ја повлече аболицијата н 56те политичари кои пред два месеци ги аболираше за сомненијата дека сториле криминални дела.

Соопштението на Иванов го пренесуваме во целост:

„Почитувани граѓани на Република Македонија,

Изминаа десет дена откако донесов одлука за поништување на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување на постапка за вкупно дваесет и двајца политички експонирани лица.

Оттогаш, сите други лица, согласно законските измени, имаа можност да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување. Меѓутоа и покрај декларативните најави на дел од нив во јавноста дека ќе го сторат тоа, досега ниту еден од помилуваните не поднесе барање за поништување на одлуките за нивно помилување.

Во овие десет дена бевме сведоци на различни толкувања на оваа одлука на поларизираната политичка сцена и обиди да се освојат ситни дневно – политички поени преку оваа одлука за која како и тогаш, така и сега сум уверен дека ќе придонесе за национално помирување и ќе понуди излез од политичката криза во Република Македонија. Поради ова, денеска донесов одлука да ги поништам и преостанатите одлуки за помилување кои ги донесов на 12 април.

На крајот, уште еднаш ќе потсетам дека за разлика од 12 април, денеска имаме нова реалност во Македонија. Во услови на надворешни закани и безбедносни ризици, имаме функционални институции, кои можат да се справат со предизвиците“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

За потсетување, претседателот Иванов на 12 април аболираше 56 политичари и други функционери поврзани со политиката, а по еден месец ја укина аболицијата за 22 политичари.