Итни состојби на кои веднаш треба да се обрне внимание

Сподели со своите пријатели

Ниту една медицинска состојба не треба да се занемарува, но некои се со особен приоритет. Ако почувствувате некој од следните посебни или акутни состојби, во никој случај не треба да чекате, туку веднаш посетете лекар. Може да биде од витално значење.

Многу силна болка во главата

Главоболката го придружува секојдневнието почесто отколку што би требало. Таа е незаменлив дел од преголемиот и стресен работен ден. Нема како да не те заболи глава од многуте обврски, јадови, мисли, проблеми.

Но, ако почувствувате многу силна и необична за вас болка во главата веднаш треба да посетите лекар, бидејќи силната болка во главата може да сугерира за мозочен удар или аневризма.

Двете состојби се опасни за животот и бараат итна консултација со лекар.

Депресија

Во денешно време депресијата се претворила во синоним за тажно расположение и за обична депресија.

Депресијата сепак е вистински сериозен проблем. Ако не се лекува може да доведе до сериозни промени во биохемиските процеси како во мозокот, така и во целото тело. Длабоката нетретирана со лекови и консултации депресија може да доведе дури до обид за самоубиство, освен сите други здравствени проблеми.

Болка и притисок во градите

Loading...

Силните болки и чувството за печат врз градите можат да укажуваат за настапи инфаркт. Исхемичната болест на срцето, исто така би можела да предизвика слични симптоми. Првиот час по акутната болка е одлучувачки за животот. Затоа веднаш треба да се побара лекарска помош.

Акутна болка во стомакот

Силната болка во стомакот и особено високо горе во областа на стомакот може да сугерира за руптуриран чир со крварење. Состојбата е опасна по живот и повторно првите минути по појавата на болката се важни за понатамошниот развој на проблемот .

Ненадејни промени во видот

Заматениот вид не е случаен. Обично луѓето мислат дека го подигнале диоптерот и ја одлагаат посетата кај очен лекар.

Драстичната промена на острината на видот, меѓутоа е опасна, бидејќи е симптом на кинење на ретинара. Овој проблем е итен и треба да биде лекува веднаш, бидејќи во спротивно видот може да биде делумно или целосно изгубен.

Лекувањето е ласерско и се спроведува под локална анестезија.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.