Италијанската полиција заплени мархуана и кокаин

Сподели со своите пријатели

Италијанската полиција заврши уште две успешни акции во сузбивањето на недозволената трговија со  наркотични средства.

Во две одделни акции запленети се 366 килограми марихуана  и четири килограми кокаин.

Марихуана е запленета во Фраскат кај Рим,во која се уапсени двајца албански државјани, на возраст од 22 односно 26 години  и  Италијанец на 41-годишна возраст.

Тројцата биле затекнати кога Италијанецот ја преземал 173 килограми марихуана, а по претрес во куќата на еден од Албанците биле откриени останатите 188 килограми.

Во акција насловена „Надир“ италјанската полиција запленила четири килограми кокаин,килограм хашиш, 36 илјади евра, а уапсени се 11 членови на нарко групата составена од Албанци и Италијанци./МИА


Leave a Reply