Италијанците тестираа „лебдечки“ воз на традицонална пруга (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Италијанската компанија IronLev за прв пат тестираше технологија за магнетна левитација на традиционалната железничка инфраструктура, тврдејќи дека открила решение кое не бара скапи прилагодувања на пругата.

Loading...

Компанијата го прикажа видеото од тестот на саемот LetExpo2024 во регионот Венето.

На снимката се гледа прототип на воз тежок еден тон кој патува со 70 километри на час на пруга во внатрешноста на Венеција.

Технологијата на магнетна левитација создава воздушна перница која физички го одвојува возилото од патеката, намалувајќи го триењето, бучавата и вибрациите, а со тоа ја намалува потрошувачката на енергија и трошоците за одржување на возот и инфраструктурата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бил Гејтс е загрижен дека ќе ја изгуби работата поради вештачката интелигенција

Кина го користи речиси две децении, но во ограничен обем.

Голем број земји сакаат да развијат железнички мрежи засновани на технологија за магнетна левитација, но нејзиното усвојување е попречено од високите трошоци и потребата од изградба на нова железничка инфраструктура.

Тие сакаат да направат возило кое ќе може да развива брзина до 200 km/h

„Тестот IronLev го претставува првиот и единствен случај на примена на магнетна левитација на постоечка патека, без поправки и интеграција на помошни елементи“, рече директорот на Институтот за механичка интелигенција во Scuola Superiore Sant’Anne во Пиза, Масимо Бергамаско.

Loading...

Во претходните тестови, магнетното поле беше создадено со поддршка на ад-хок инфраструктура, која често се состои од намотки направени од спроводливи материјали и вклучува значително повисоки трошоци од традиционалните железници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Политико: ВИ споделува лажни информации за европските избори

„Некои од нашите конкуренти спроведоа тестови на патеки специјално прилагодени за возила базирани на технологија за магнетна левитација. Покажавме дека нашето возило може да левитира на постоечките патеки“, изјави за Reuters претседателот на IronLev, Адријано Џирото.

„Ова значи дека користењето на нашата технологија е едноставно“, додаде Жирото.

Целта на IronLev е за неколку години да развие пробно возило кое ќе тежи до 20 тони и ќе може да развие брзина до 200 километри на час, рече тој.

Технологијата веќе се користи во пракса, при преместување на тешки прозорци и лифтови и транспорт на товари во индустриски постројки.