Италијанците од денес без маски во јавен превоз

Сподели со своите пријатели

Италијанците повеќе не мора да носат епидемиолошки маски во јавниот превоз, прецизираше Министерството за здравство како дел од најновото олеснување на мерките против пандемијата на коронавирус.

Loading...

Министерството во четвртокот објави дека нема да го продолжи прописот со кој се бара носење маски во возовите, автобусите и траектите, кој истекува денеска, пренесува Ројтерс.

Обврската за носење заштитни маски е продолжена за болниците и домовите за стари лица.

Италија е една од земјите најтешко погодени од пандемијата и досега има пријавено повеќе од 177.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19, според Ројтерс.


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мелони до земјите од Западен Балкан: Можете да сметате на Италија