Италија се подготвува на жените да им воведе „менстурален одмор“

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот парлемент го разгледува предлог законот со кој претпријатијата би ги обврзал на жената кои се изложени на болни менструации да им дава по три дена платен одмор секој месец. Доколку законот биде усвоен, Италија ќе стане првата западна земја со официјален „менструален одмор“ за вработените жени.

Некои сметаат дека законот на жените може да им дојде преку глава, посебно во земја во која жените се борат за рамноправност. Доколку им биде дозволено да земаат три дена платне одмор, работодавачите на мажите би можеле да им даваат поголема предност при вработувањата, напишала Лоренца Плеутери во магазинот „Дона модерна“.

Италија има закон кој на жените им обезбедува пет месеци палтено породилно отсуство. Во текот на тој период примаат 80% плата, а потоа двата родители имаат рпаво на шест дополнителни месеци родителско отуство, во текот на кој добиваат 30% од платата.

Меѓутоа, Италијанките се борат за своето место на пазарот на трудот повеќе од другите земји во развој. Италија има една од најниските стапки на учество на жени на пазарот на трудот. Само 61% од жентие работот, што е дополнително под европскиот просек кој изнесува 72%.

 

Loading...