Италија: Поради невремето и обилните врнежи, на сила црвен метео аларм

Сподели со своите пријатели

Поради невремето и обилните врнежи во Италија, во Ломбардија е во сила црвен метео аларм, додека во провинциите Фриули-Јулија, Лигурија, Болзано, како и во делови од Пиемонт, Тоскана и Венето.

Loading...

Во Џенова за еден час паднале 80 милиметри дожд на квадратен метар, што предизвикало поплави низ градот, проблеми во сообраќајот и прекин на пругата Торино-Џенова.

Силно невреме синоќа ја зафати провинцијата Лигурија, објави „Република“.

Жолтата метеоролошка тревога е на сила во италијанските провинции Абруцо, Кампанија, дел од Емилија-Ромања, Тоскана, Венето и Пиемонт, во Лацио, дел од Молизе, во провинцијата Тренто, но и во големи делови од Сардинија и Умбрија.

Аеродромот во Трапани, Сицилија, во неделата беше затворен четири часа поради пожар.