Италија подготвува намалување на рестриктивните мерки

Сподели со своите пријатели

Италија се подготвува да ги намали рестриктивните мерки кон крајот на април, откако забави ширењето на инфекција со коронавирусот.

Loading...

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, за Би-Би-Си во четвртокот изјави дека Италија треба да види кои сектори може повторно да ги отвори.

Планетата стана побавна: Поради тишината се „слушаат“ и потресите

„Ако научниците потврдат дека тоа е можно, планираме да ги олесниме мерките до крајот на овој месец. Ограничувањата ќе се олеснат постепено и Италија нема да го спушти гардот против опасниот коронавирус”, рече Конте.

Во средата, 542 луѓе починаа од коронавирусот во Италија, 62 помалку од претходниот ден. Вкупниот број на починати во моментов е 17.669.

Leave a Reply