Италија: Околу 400 тужби се поднесени поради смрт од Ковид-19 во Ломбардија

Сподели со своите пријатели

Околу 400 тужби поднесоа адвокатите на членовите на семејствата на жртвите од Ковид-19 во првиот бран на пандемијата во италијанскиот регион Ломбардија.

Loading...

Тужбите се поднесени против одредени лекари бидејќи навремено не препознале за која болест станува збор. бидејќи дијагнозата е доцна поставена или затоа што според мислењето на обвинителите, не ги лекувале пациентите на соодветен начин.

Некои, пак, ги тужат болниците бидејќи немале соодветна опрема и лекови, а дел од нив бараат отштета бидејќи болниците во пикот на пандемијата немале слободен болнички кревет.

Во регионот Ломбардија е формирано и здружение на адвокати и хирурзи (АМЛА), кое треба да им помогне на оштетените да ги остварат своите барања.

Во Италија од последици на зараза со коронавирус починаа 36.600 лица, а само во регионот Ломбардија, кој беше епицентар на болеста, се регистрирани речиси 17.000 смртни случаи.

Габриела Точко

Leave a Reply