Италија наскоро ќе увезува маслиново масло пoради климатските промени

Сподели со своите пријатели

Италијаните наскоро би можеле да бидат принудени да увезуваат значителна количина маслиново масло поради падот на производството кое е предизвикано од екстремните временски услови, предупредуваат климатолозите.

Loading...

Лошити време и мразот во последните неколку месеци доведоа до пад на производството на маслиново масло за 57 отсто во 2018 година, а секторот тоа го чинело скоро милијарда евра, пренесува CNN.

Земјоделците поради таквите ситуации излегле на улица да протестираат, барајќи активни мерки за да се спречи натамошниот тренд на падот на производството.

Екологот Ричардо Валентини, од центарот Euro-Mediterranean Center for Climate Change, смета дека екстремните временски услови уште повеќе ќе му наштета на земјоделството и дека веројатно Италија ќе мора да увезува маслиново масло.

– Се повеќе не погаѓаат екстремни временски услови, нагласи Валентини.

Како што додава, дрвото маслинка е многу чувствително на климатските промени.

– За него се попогубни три дена замрзнување, отколку мала промена на просечната температура во текот на годината, додава тој.

Европа последните години, поради климатските промени, минува низ екстремно топли или студени временски услови, што не ја изостави ниту Италија.

Loading...

Leave a Reply