Италија летово ќе остане без половина од туристите

Сподели со своите пријатели

Околу 40 проценти од собите во сместувачките капацитети во Италија се резервирани за странски и домашни туристи преку интернет за август, кога традиционално е врвот на италијанската туристичка сезона, според националната агенција за туризам ЕНИТ.

Loading...

Градовите на културата и уметноста, како Венеција и Рим, кои во голема мерка зависат од меѓународниот туризам, се најтешко погодени од пандемиски предизвиканата криза во туризмот, покажуваат податоците на ЕНИТ.

Ова гратче сакаше да се отараси од туристите, но сега му недостасуваат

Во Венеција, дури 68% од собите се слободни во текот на август.

Според податоците на ЕНИТ, 54 проценти од семејствата во Италија, 38 проценти од паровите, како и 23,7 проценти од пензионерите кои не се откажуваат од одморите оваа сезона, ќе одат на годишен одмор летово.

Додадено е дека поголемиот дел од патниците, 56% од нив, ќе бидат мажи, на возраст меѓу 36 и 55 години (40 проценти).

За да се опорави туризмот, Италија воведе шема „бонус“ што може да се искористи за плаќање за сместување во таа земја од 1 јули, што предвидува 500 евра за семејства со ниски приходи со три или повеќе членови, 300 евра за парови и 150 евра за самци.

4 предности на соло патувањата: Многумина не се осудуваат, но е фантастично!

Loading...

Италија ги отвори своите граници кон ЕУ и Шенген-земјите на 3-ти јуни, по околу три месеци блокада од коронавирус.

Туризмот е еден од главните сектори на италијанската економија и учествува со околу 13 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Leave a Reply