ISW: Шефот на Вагнер сака да го наследи Путин

Сподели со своите пријатели

Некои елементи од јавните говори на шефот на Вагнер групата, Евгениј Пригожин, сугерираат дека тој смислува план за соборување на Владимир Путин, според аналитичарите.

Loading...

Во „невообичаеното“ интервју со руските новинари објавено од неговата Федерална новинска агенција, според аналитичарите може да се заклучи дека тој би можел да му се спротивстави на Путин на претседателските избори во 2024 година.

Институтот за проучување на војната (ISW) наведува дека „интервјуто вреди да се забележи поради неговиот необичен формат“ и дека Пригожин се чини дека го имитира начинот на кој Владимир Путин ги снима своите јавни настапи, со претходно подготвена кореографија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бланар: Членството на Украина во НАТО ќе создаде дополнителни конфликти

„Тој тоа го прави со цел да го исмее Путин или можеби суптилно да сугерира дека има поголеми политички амбиции. тврди ISW.

„Во интервјуто, Пригожин се става во рамката пред публиката на ист начин како што обично се појавува кога Путин има состаноци или позира за фотографи“, тврдат аналитичарите на ISW.

Овој вид на филмски стил е невообичаен за Пригожин, бидејќи тој не користи толку стерилен формат во неговите јавни видео настапи, додаваат тие.

Шефот на Вагнер можеби се обидува да го пародира стилот на Путин во продолжувањето на неговата кампања за напади врз Кремљ или да повлече индиректни паралели меѓу Пригожин и канцеларијата на рускиот претседател.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп најверојатно ќе се сретне со Зеленски следната недела

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.