ISW: Русите се повеќе шират лажни информации, сакаат да го одвлечат вниманието

Сподели со своите пријатели

Москва сè повеќе промовира дезинформации за да го одвлече вниманието од недостатокот на успех на теренот, се вели во новиот извештај на Американскиот институт за проучување на војната.

ISW се повикува на вчерашните обвинувања на Русија против САД, во кои Русите тврдат дека САД планираат провокации во Украина со употреба на токсични хемикалии.

Пред тоа, руското Министерство за одбрана тврдеше дека Украина планирала напади со лажно знаме (операции насочени кон извршување напади за да може другата страна во конфликтот да се обвини како сторител).

Институтот за проучување на војната рече дека Русија, исто така, се обидува да ја забави испораката на тенкови во Украина од Запад, кои треба да и помогнат на Украина во планираната контраофанзива.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европа е подготвена да ги предводи „мултинационалните сили“ во Украина

ISW рече дека порастот на погрешните предупредувања од Москва и повторените нуклеарни закани на Владимир Путин сугерираат дека руските власти се обидуваат да го одвлечат вниманието од недостатокот на успех на бојното поле и да го забават снабдувањето со оружје за Украина од западните земји.

Американскиот тинк-тенк вели дека руското Министерство за одбрана и највисоките функционери во Москва најверојатно дополнително ќе ги ескалираат лажните информации додека се интензивира украинската контраофанзива.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.