Владимир Путин можеби им поставува замка на борците на Вагнер со тоа што ја претставува Белорусија како безбедно засолниште, соопшти US ISW.
Рускиот претседател им рече на членовите на платеничката група дека имаат три опции по прекинатиот бунт: да продолжат да и служат на Русија, да се пензионираат и да живеат цивилен живот или да го следат нивниот лидер Евгениј Пригожин во Белорусија.
Но, Институтот за проучување на војната (ISW) рече дека Кремљ најверојатно ќе го смета персоналот кој побегнал во соседна земја како предавници.
ISW наведува дека приказната за Белорусија може да биде стапица за Вагнерците.
Путин вети дека членовите на Вагнер може да одат во Белорусија, а вчера рече дека ќе го исполни ветувањето.
Но, долгорочната вредност на тоа ветување, и покрај говорот на Путин, е сомнителна, според ISW.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко ѝ предаде на Москва 33 затворени борци Вагнер.
„Нема очигледна причина зошто тој не би го направил тоа повторно“, рече ISW.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.