ИСТРАЖУВАЊЕ: Жените во филмовите имаат полоши реченици од мажите

Сподели со своите пријатели

Анализата на речениците на ликови во скоро 1.000 филмски сценарија покажала дека жените добиваат полоши реплики за разлика од мажите, но и дека имаат помалку текст од нив.

Машките ликови обично се пет година постари од своите партнерки во филмот, се наведува во извештајот кој го пренесува британскиот „Индепендент“.

Ако женските ликови би биле отстранети од заплетот, приказната не би била променета, покажало истражувањето.

Со автоматизирана лингвистичка анализа на филмските сценарија настанати во изминатите неколку децении било утврдено дека мажите имаат повеќе од 37.000 дијалози, додека жените имаат нешто над 15.000.

Истражувачите од Универзитетот Јужна Калифорнија установиле дека женските ликови обично користат јазик кој се поврзува со семејните вредности, додека машките ликови обично се поврзани со приказните за достигнувањата, но дека и машките разговори често содржат пцовки или почесто се однесуваат на секс и смрт.

 

Loading...