Истражување: Вториот карантин повеќе ги погоди семејствата во Австрија

Сподели со своите пријатели

Товарот врз семејствата се зголемил во второто „заклучување“ на Австрија поради епидемијата на коронавирусот, покажа истражување на институтот „Моментум“.

Loading...

Вкупно 58 проценти од семејства изјавиле дека се изложени на поголем товар, додека минатата пролет, за време на првиот карантин тој број изнесувал 46 отсто.

Според раководителот на институтот „Моментум“, Барбара Блаха, мајките биле повеќе изложени на поголемо оптоварување.

Иако образовните институции за време на вториот карантин беа отворени за деца за кои родителите не можеа да се грижат, повеќе од 70 проценти од децата останаа дома.

Ова, додава таа, особено ги погодило жените кои имаат најголема одговорност да се грижат за децата.

– Секоја трета жена работела рано наутро или навечер, а секоја десетта дури и во текот на ноќта, со цел, покрај грижата за децата и домот, да може да ја заврши и работата од која заработува, нагласи Блаха.

Онлајн наставата била посебен проблем за децата од помалку образовани семејства.

Така, 40 проценти од родителите кои завршиле занает или само основно училиште не можеле оптимално да им помогнат на своите деца во учењето.

Loading...

Јасмина Тасевска


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *