ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПСИХОЛОЗИТЕ: Се вљубуваме три пати во животот! Само една љубов е вистинска, еве како да ја препознаете

Сподели со своите пријатели

После сите бродоломи, порази и емоционални рани, важно е да не престанете да верувате во љубовта.

Loading...

Психолозите истакнуваат дека ние навистина се вљубуваме три пати во животот, и секоја од овие љубови се раѓа од посебна причина. Прашањето е – Која од нив е навистина вистинската?

 

 

Обично се вљубуваме за прв пат во младоста, најчесто во средно училиште. Оваа љубов обично е идеализирана и тогаш ни се чини како најубава бајка.

Врската ја започнуваме со мислата дека оваа љубов ќе трае вечно, дури и кога ќе се појават предизвици. Во оваа љубов, многу е поважно како другите нè гледаат, отколку она што навистина го чувствуваме.

 

Loading...

 

 

Втората љубов е комплексна емотивна врска која нè учи, односно не охрабрува да откриеме што сакаме и што ни треба во љубовта. Во оваа љубов често сме изложени на манипулации или лаги. На почетокот мислиме дека овој пат избравме нешто уникатно и правилно за нас, но на крајот сме убедени дека направивме грешка.

Понекогаш оваа врска може да биде токсична – емотивен ролеркостер, полн со предизвици, од кој стануваме зависни. Но, оваа врска има и своја добра страна, од неа учиме што е љубов , а што всушност не е.

 

 

Loading...

После оваа врска, се враќаме во себе, со многу повеќе љубов и знаеме што повеќе НЕ сакаме од партнерот, а што ни треба. Овие врски носат важна лекција – тие нè учат дека во секоја врска треба да останеме доследни на самите себе и да развиваме поголема самопочит и самодоверба.

 

 

 

И третата љубов е вистинската. Тоа е љубов што не ја очекуваме и не ја планираме, едноставно се случува. Доаѓа во време кога сè изгледа невозможно и прави нераскинлива и необјаснива врска помеѓу две души.

Во оваа врска нема идеалистички очекувања од партнерот, нема притисок и сè е толку убаво и крајно едноставно.

Не охрабрува да се развиваме духовно, да останеме верни на самите себе, а нејзината главна карактеристика е почитта.

Loading...

 

 

Во оваа љубов има апсолутна слобода, но и најубава приврзаност. Се чувствувате пријатно, задоволно и исполнето, и секој разговор е лек, додека секој предизвик е шанса за заедничко учење и напредок.

После сите бродоломи, порази и емоционални рани, важно е да не престанете да верувате во љубов. Таа постојано тропа на вашата врата и ќе влезе во вашиот живот кога ќе го отворите срцето и бидете навистина подготвени за неа.


Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *