ИСТРАЖУВАЊЕ: Луѓето стануваат се поглупави

Сподели со своите пријатели

Во минатиот век, секоја генерација прераснуваа во луѓе поинтелигентни од нивните родители, но сè повеќе податоци упатуваат на загрижувачки крај на овој тренд и пресврт во друга насока.

Loading...

На стандардни тестови за интелигенција што децата ги полагаат во повеќето земји од развиениот свет, просекот би се движел нагоре на секои неколку години, така што просечното IQ од 1950 година било далеку под просекот на 1980 година.

Според загребскиот весник „Јутарњи лист“, овој т.н. Флинов ефект вредел во текот на поголемиот дел од 20 век, но сè повеќе податоци упатуваат на загрижувачки крај на овој тренд и пресврт во друга насока, а се чини дека колективниот коефициент на интелигенција почна да се намалува во целиот свет.

Од раните 90-ти до денес, коефициентот на интелигенција започна да се намалува во развиениот свет.

Овој тренд за прв пат го забележале норвешките научници кои ги проучувале резултатите од тестовите на воените регрути меѓу 1950 и 2002 година.

Податоците од минатиот век во голема мерка беа во согласност со Флинотвиот ефект, но во средината на 1990-тите исчезна и коефициентот на интелигенција почна да опаѓа.

Следеа вознемирувачки потврди за новиот тренд, добиени од податоци од дански регрути, потоа со податоци од Велика Британија собрани од самиот Флин.

Според една студија од 2009 година, просечниот оекфициент на интелигенција на 14-годишни Британци паднал за околу два поени меѓу 1980 и 2008 година.

Loading...

Подеднакво важни за развојот на интелигенцијата се и надворешните фактори – околината во која растеме, исхраната, колку често сме болни, потикнувачката и стимулирачката околина и многу други фактори. Интелигенцијата може да се спореди со висината.

Во текот на минатиот век, генерациите исто така се повеќе растеле со пораст на просечната висина.

Иако гените за висина не се менувале, ниту пак за интелигенцијата, децата растеле во се поздрава животна средина, со помалку и помалку заразни болести, подобра исхрана и подобро образование.

Промените во општеството доведоа до различно изразување на гените што нè направија сè поинтелигентни.

Контроверзниот научник Ричард Лин е голем поборник за дисгеника, поим за обратна еугеника.

Според него, падот на коефициентот на интелигенцијата се јавува затоа што луѓето со понизок коефициент на интелигенција во современото општество имаат повеќе деца.

Лин за падот на интелитенцијата, исто така, ги обвинува имигрантите од земји каде просечната стапка на интелигенција е помала отколку во земјите каде е забележан пад, како што се Велика Британија, Норвешка и Данска, но неодамнешната норвешка студија ги побива неговите тврдења, посочувајќи на многу убедливи аргументи дека Флиновиот ефект и неговиот прсврт се условени од фактори на животната средина.

Норвешките научници Бернт Братсберг и Оле Роџберг го проучуваа развојот на коефициентите на интелитенција во одделни семејства, исто така – меѓу браќа и сестри кои припаѓаат на различни генерации и откриле дека промената на Флинотиов ефект влијае на семејствата, не само на просекот на целото население.

Loading...

На пример, браќа и сестри родени по 1990 година, од кои има десетгодишна разлика, ќе имаат просек помеѓу половина и два бода разлика во интелигенцијата, при што помладта браќа и сестри имаат понизок коефициент на интелигенција.

Норвешките научници ги проучувале и елиминирале сите други опции, како што се повеќе деца родени во семејства чии родители имаат просечна или пониска интелигенција, или влијанието на миграцијата, за кои заклучиле дека се занемарливи.

Интелигенцијата на помладите генерации паѓа околу два поени на секои десет години и не се виновни ниту дисгенетиката, ниту мигрантите, но овој пад се забележува кај секое просечно семејство.

Единствено преостанато објаснување е дека има нешто во средината на современото општество што ги спречува децата да се развиваат.

Флин претпоставува, иако сè уште нема конкретни докази, дека младинската култура стагнирала или буквално е заглупавена.

Исто така, изразува загриженост дека младинската култура денес првенствено се фокусира на мобилните телефони, компјутерите и видео игрите наместо да читаат и зборуваат едни со други.

Светската здравствена организација (СЗО) има уште едно поедноставно објаснување – порастот на загадувањето на воздухот.

Загадувањето на воздухот е глобално денес, а се процененува дека зголемување на микрочестички во воздухот влијае на дури 90 проценти од светската популација.

Loading...

Глобалното загадување може да биде одговорно за забавување и запирање на развојот на младите.

Leave a Reply