Истражување: Ковид-19 стана кошмар за луѓето

Сподели со своите пријатели

Новиот коронавирус на луѓето буквално им стана кошмар, покажуваат резултатите од финското истражување за сонот.

Loading...

Тие им ги раскажале своите соништа на научниците од Универзитетот во Хелсинки за време на карантинот, што беше воведен поради пандемијата во првиот дел од годината.

Соништата за изгубени пасоши, затворени граници, за голем број луѓе во мали простории и за смртта се повторувале во изјавите на волонтерите.

Луѓето кои сонувале ракување и прегратки тоа го доживеале како кршење на правилото за физичка дистанца.

– Соништата обично се приватна работа, но кога опкружувањето брзо ќе се смени за кратко време, изгледа многумина имале исти асоцијации, изјави авторката на студијата, прсихологот Ану-Катарина Песонен.

Една четвртина од учесниците во истражувањето пријавиле почести кошмари отколку пред пандемијата, а една третина од нив почесто се будела во текот на ноќта. Но, повеќе од половината волонтери спиеле повеќе од вообичаеното, делумно поради тоа штоработеле од дома.

Во истражувањето учествуваче 4.000 Финци.

Марина Илиевска

Loading...

Leave a Reply